Министерот за надворешни работи Бујар Османи синоќа во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 изјави дека Бугарите во земјава треба да се чувствуваат како слободни граѓани, кои ќе ги имаат сите права.

-Бугарите во Северна Македонија треба да се чувствуваат како апсолутно слободни граѓани кои може да се организираат како колективна заедница, и ќе ги имаат сите права, па ако треба и нивно споменување во Уставот, вели Османи.

На прашањето на новинарот дека во тој случај ќе треба да се менува Уставот, Османи одговори оти нема резерви да бидат споменати како посебна етничка заедница.

-Немаме никаква резерва да бидат споменати како посебна етничка заедница, ако тоа им значи на било која страна, рече Османи.

На прашањето дали Бугарија има побарано такво нешто, вели не.

-Јас не сум чул. Немаат побарано такво нешто. Не сме разговарале за ова, додаде Османи.