Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи по средбата со вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон изјави дека и таа го дели мислењето дека до 2030 година Северна Македонија може да стане полноправна членка на Европската Унија.

– Тоа не е само мое гледиште, туку тоа е став и перспектива што ја делат повеќе луѓе, повеќе луѓе кои проценуваат дека 2030 година може да биде таа година, доколку постигнеме политички консензус и продолжиме без прекин во дипломатските активности. Генерален заклучок е дека 2030 навистина може да биде година на полноправно членство во Европската Унија,  изјави Османи.