Семејниот бизнис на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Организацијата Трамп беше прогласен за виновен за финансиска и фискална проневера на крајот од судењето во Њујорк, објави обвинителот на Менхетен, Алвин Брег.

Advertisements

Поранешниот американски претседател Трамп не беше суден во овој процес. Поротата, по повеќе од еден месец судење, ги прогласи за виновни корпорацијата Трамп и корпорацијата Трамп за плати (Trump Payroll Corporation) по сите точки од обвинението, напиша обвинителот Алвин Брег на својот Твитер.

Прикажи повеќе