Премиерите на Унгарија и Полска, заедно со лидерот на италијанската партија Лига, во Будимпешта поставија нови темели на конзервативниот десен сојуз во Европа. На крајот од состанокот, унгарскиот премиер Виктор Орбан го поздрави „првиот чекор кон долгиот заеднички пат“.
„Се согласивме да продолжиме да работиме. Ќе се состанеме во мај, или во Рим или во Варшава, датумот ќе зависи од епидемијата на коронавирусот“, рече Орбан на заедничката прес-конференција.
– Advertisement –
Лидерот на италијанската екстремно десничарска партија Лига, Матео Салвини пак изјави: „Ние се претставуваме како историско и основачко јадро на алијансата, со цел да бидеме први во Европа“.