Џорџина Родригез на Инстаграм објави фотографии од прославата на нејзиниот 29 роденден.
Таа славеше во друштво на својот вереник Кристијано Роналдо и децата. Манекенката имала торта на три ката, а се пофалила и со цвеќињата кои ги добила по повод роденденот.
“29 години опкружена со луѓе кои ги сакам со целото мое срце. Неизмерно сум му благодарна на Бога за сè. Ви благодарам на сите за честитките со љубов”, напиша Џорџина на Инстаграм.
Потсетуваме дека манекенката го прослави својот роденден во луксузен ресторан. На социјалните мрежи се прошири видеото направено при нејзиното пристигнување пред објектот, кога сите го фотографираа Роналдо и целосно ја игнорираа Џорџина.
По вечерата стотици фанови го пречекаа Роналдо надвор од ресторанот, а Георгина беше фотографирана со сериозен израз на лицето.