Општина Тетово денеска информираше дека вчера ја добиле пресудата на Управниот суд со која се поништува решението на Министерството за образование и наука за одземање на надлежноста на градоначалникот на Општина Тетово по однос на целокупното работење на Средното општинско училиште Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“. Според раководителот на одделението за образование во Секторот за јавни дејности Управниот суд во својата пресуда е јасен, дециден и категоричен дека Министерството за образование и наука постапиле спротивно на Законот за средно образование.

-Од страна на Министерството за образование и наука е донесено целосно неправилно и незаконито решение за одземање на надлежноста на Градоначалникот на Општина Тетово и дека Министерството за образование и наука не пристапиле воопшто кон утврдување факти и докази кои што би претставувале основа за донесување на одлуката со која на Градоначалникот му се одземени надлежноста и ингеренциите по однос на Средното општинско училиште гимназија “Кирил Пејчиновиќ“. Сакаме да потенцираме дека Управниот суд ја оценувал законитоста на оспореното решение за одземените надлежности на Градоначаникот на Општина Тетово и јасно и недвосмислено во својата пресуда констатирал дека Министерството за образование и наука сториле повреди на одредбите од Законот за средно образование, а фактичката состојба нецелосно и неправилно ја утврдиле на штета на Општина Тетово, изјави Валидин Адеми.

Тој оцени дека таа пресуда е победа на правдата и моќен одговор на незаконските обиди за влијание врз одлуките и работењето на образовните институции.

-Ова е победа со која се игнорираат политичките игри кои им штетат на граѓаните. Оваа победа на правдата не е само триумф на образовните институции, туку е и моќен предизвик против политичките игри кои под какви било околности се обидоа да ја корумпираат и да влијаат на правдата и интегритетот на образовниот систем. Во овој момент сакаме да нагласиме дека не можеме да дозволиме корупцијата да помине под незаконски молк, мораме одлучно да се спротивставиме на секој обид за манипулирање и корумпирање на нашите образовни институции. Оваа победа не е само за поединец или конкретна заедница, туку за сите наши граѓани. Тоа е пример дека со силен правен систем можеме да ги заштитиме правата и интегритетот на сите наши ученици, истакна Адеми на прес-конференција.

Општината ќе бара Министерството за образование и наука да ги надомести буџетските средства за периодот од јануари 2024 до јули 2024 година