Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, објави дека е воведен 24 часовен мониторинг систем на движењето на службените возила на општината.

„Со цел рационално искористување на општинските ресурси воведен е мониторинг систем на движењето на службените возила. Во општина Гази Баба се работи чесно и домаќински!“, напуша градоначалникот на социјалните мрежи.

Овој систем произлегол како барање на граѓаните кои во минатото биле сведоци на злоупотреба на службените возила.

„Нема веќе користење на службените возила за приватни цели. На крајот од работниот ден сите службени возила се оставаат на паркингот пред општината.

Градоначалникот и општинската администрација се во општината за да им служат на граѓаните, а не да вршат злоупотреба на ресурсите!“, смета Стефковски.