Десетнеделното континуирано опаѓање на бројките на нови инфекции со коронавирусот низ цела Европа заврши и неизбежен е нов бран на пандемијата доколку граѓаните и законодавците не останат дисциплинирани, порача шефот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, на денешниот брифинг со новинарите.

Advertisements

„Во минатата недела, бројот на нови случаи се зголеми за 10 отсто поради зголемено мешање на луѓето, патувањата, собирите и по олеснувањата на социјалните ограничувања, рече Клуге.

„Ќе има нов бран во европскиот регион на СЗО доколку не останеме дисциплинирани“, додал тој.

Земји како Португалија и Велика Британија во моментов се борат со зголемување на бројот на нови инфекции со коронавирусот. Ваквиот развој се припишува во прв ред на ширењето на многу заразната варијанта на коронавирусот- Делта.

Извор: ДВ