Возач на „Рено клио“ се онесвестил додека возел по автопат во северна Белгија и така минал 25 километри – во бессознание. Во мигот на губење свест, биле вклучени два важни безбедносни системи – за задржување на автомобилот во лентата за возење и адаптивната контрола на пат.

Другите возачи забележале дека „клиото“ неконтролирано се движи меѓу двата рабови на сообраќајната лента и ја известиле полицијата. Набрзо пристигнала полициска патрола којашто го забележала онесвестениот возач. Тие го поставиле автомобилот пред Рено, ја намалиле брзината и дозволиле автомобилот „да се потпре“ на другото возило. Така, со намалување на брзината успеале безбедно да го запрат автомобилот.

Возачот бил префрлен в болница.

Иако адаптивната контрола служи за одржување на растојание, а системот за задржување лента само му помага на возилото да не ја напушти лентата поради грешка на возачот, ова е екстремен пример како може да се помогне и во крајно екстремни ситуации… Имено, и покрај губењето на свеста, возачот сепак ги задржал рацете на воланот, па системот се однесувал како сѐ да е во ред со возачот.