Повеќе од 13 милиони Австралијци или околу половина од населението во Австралија, се наоѓаат во карантин по воведување на најновите рестрикции поради делта-сојот на коронавирус.

Advertisements

По појавата на пет случаи на делта-варијантата државата Јужна Австралија, каде што живеат 1,7 милиони луѓе, од вчера се приклучи на државите Викторија и Нов Јужен Велс во однос на воведувањето ограничувањата. Жителите на оваа држава ќе мора да останат во своите домови седум дена.

На граѓаните кои се наоѓаат во карантин не им е дозволено да ги напуштаат своите домови освен ако одат по неопходни намирници, да вежбаат или имаат важни причини да излезат надвор.

Покрај брзото ширење на делта-сојот, медиумите како причина ја истакнуваат и ниската стапка на вакцинација која изнесува нешто под 14 отсто.

До неодамна, наведува „Би-би-си“, Австралија беше фалена за стратегијата за затворање на границите, карантинските програми и брзите заклучувања, а од почетокот на пандемијата се регистрирани помалку од 1 000 смртни случаи.

Прикажи повеќе