Европската унија во Службен весник го објави документот со новиот пакет санкции против Русија, кој од денеска стапува во сила.
Со него се означува почетокот на спроведувањето на договорот на Групата седум најразвиени земји во рамките на ЕУ во однос на извозот на руска нафта.
Документот предвидува да се постави лимит, горна граница на цената на руската нафта со што би се намалиле приходите на Русија, а истовремено би се стабилизирал светскиот енергетски пазар.
Вклучува и забрана за транспорт на нафта во трети земји по цена над воведената граница, како и забрана за проширен извоз на стоки.
Дополнително се воведува и забраната на граѓаните на ЕУ да извршуваат позиции во раководството на руските државни компании, со што Москва нема да има корист од „европското знаење и експертиза“.
Новиот пакет санкции кон Русија доаѓа како одговор на анексијата на украински територии од страна Кремљ.