Ракометната федерација на Македонија ги одложи сите ракометни активности кои беа на програмата викендов. Причина е смртта на младиот голман на РК Охрид и репрезентацијата Никола Данаиловски. Како што потврдија од МВР, Данаиловски се удавил во охридското езеро, на неговото тело немало траги на насилство, а целиот случај се истражува.

Охридската полиција информираше дека 26-годишниот Никола Даниловски од синоќа се водел за исчезнат а по него интензивно ноќта трагале полицијата и неговите соиграчи и блиски пријатели.

Безживотното тело на Даниловски било пронајдено денеска во близина на Охрид во туристичката населба Лагадин.

РФМ реши прво да го одложи дербито меѓу Охрид и Струга, но потоа ја промени одлуката и ги одложи сите натпревари кои беа закажани за 19 часот.

Цело коло од плејофот е одложено за понеделник, кога треба да се одира од 19 часот.