Џоди Комер заедно со Хонакин Феникс ќе глуми во новиот филм „Kitbag“, а ќе ја толкува улогата на сопругата на Наполеон – Жозефина Бонапарта.

Филмот „Kitbag“ претставува оригинален и личен поглед на потеколото на Наполеон и на неговиот брз, но немилосрден подем до титулата император, набљудуван низ призма на неговата зависничка и често непостојана врска со сопругата.

Како што беше претходно најавено, улогата на Наполеон ќе ја толкува оскаровецот Хоакин Феникс. Филмот ќе го режира Ридли Скот со кој Комар претходно соработуваше на снимањето на средновековната драма „The Last Duel“, а чија премиера се очекува во октомври оваа година.

Како што наведува „Deadline“, актерката на снимањето на драмата го воодушевила славниот режисер, па тој веднаш и понудил улога во неговиот следен филм.

Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Комар во филмот „The Last Duel“ ја глуми сопругата на витезот, чиј лик го толкува Мет Дејмон, а сега уште една улога како сопруга ја очекува во филмот „Kitbag“.

Иако намерата на филмот е да ја забележи Наполеоновата славна битка, амбициите и стратешкиот ум, невозможно е да се изостави и љубовната приказна со сопругата Жозефина, која секако го обележала.