По 101 час заробени под урнатините, спасени се шест членови на едно семејство кои успеале да преживеат собирајќи се заедно во мал воздушен простор под урната зграда во Искендерун.

Според турската влада, повеќе од 100.000 спасувачи активно бараат под урнатините со помош на кучиња. Меѓу спасувачките екипи има и претставници на АРМ кои успеаја да спасат 5-годишно момче, а косовските безбедносни сили извлекоа двегодишно девојче.

Засега од урнатините се спасени околу 8 илјади луѓе. Експертите велат дека луѓето можат да преживеат една недела или повеќе, но шансите да се најдат преживеани на ниски температури се значително помали. Температурите остануваат под нулата во регионот и многу луѓе немаат каде да се засолнат. Владата подели милиони топли оброци, како и шатори и ќебиња.

Во меѓувреме, пристапот до северниот дел на Сирија е тежок. Ситуацијата во регионот кој е под контрола на бунтовниците е исклучително критична. Нарачаната помош до северниот дел на земјата може да стигне само преку граничниот премин од Турција. Шест камиони со помош од Обединетите нации пристигнаа вчера, но активистите информираа дека станува збор за помош побарана пред да се случи земјотресот. Обединетите нации апелираат до сирискиот режим да дозволи пристап до хуманитарните работници и помош до контролираните региони. Од друга страна, сирискиот претседател Башар Асад го посети местото каде спасувачките екипи трагаат по преживеани.

„Сиријците не зборуваат, тие дејствуваат. Ние како Сиријци, ако отидовме да испратиме порака, можете да ја добиете од 12 години упорност, конфронтација и почитување на вредностите, принципите и суверенитетот. Ова е поелоквентно од сите други зборови. Ветувам дека ќе работам неуморно“, рече Башар Асад, претседател на Сирија.

Генералниот секретар на ОН Гутереш побара да се отворат повеќе гранични премини кон Сирија. Патиштата се уништени, луѓе умираат, сега е време да се отворат сите правци за да се понудат помош и спасувачки екипи“, рече тој./Алсат.мк

Вјолца Алити