Шведски научници внимателно набљудувале 28 новородени бебиња по раѓањето за да видат низ какви промени поминуваат на самиот почеток од својот живот.

Истражувањето објавено во медицинското списание Acta Pediatrics покажало дека новороденчињата се однесуваат инстинктивно кога ги оставаат првите слободни движења на телото и при првиот контакт со нивната мајка.

Ова се некои од промените кои им се случуваат на бебињата во првите минути од нивниот живот.

Прва минута: Бебињата плачат гласно и луто, што помага да се разбудат нивните бели дробови.

Втора минута: По првиот плач, бебињата почнуваат да се опуштаат и да се одмораат на градите на мајката.

Петта минута: Кога почнуваат да се будат, бебињата за прв пат ги отвораат очите и постепено почнуваат да ги движат главите и усните.

Осум минути: Бебињата стануваат поактивни и ги држат очите отворени подолго. Гледаат во очите и градите на мајка си, со плачење покажуваат дека се гладни и ги насочуваат рацете кон нивните усни.минута:

18 минута: Бебето повторно одмара бидејќи е уморно.

19 минута: Бебињата почнуваат да го користат сетилото за мирис, се уште ги интересираат градите на мајката.

20 минута: Време е за првото доење.

Бебињата пијат колострум, првото мајчино млеко кое содржи бројни хранливи материи и молекули кои го зајакнуваат имунолошкиот систем. Раното цицање го стимулира производството на млеко и и помага на матката што побрзо да се врати во претходната состојба.

70 минута: Бебињата заспиваат и имаат заслужен одмор.

Треба да се напомене дека истражувањето е спроведено на мал примерок од деца, во Шведска, каде бебињата по раѓањето имаат можност да се одморат на градите на мајката и да уживаат во своето прво млеко, што не е привилегија за сите новородени бебиња во светот.

Сепак, овие резултати се сметаат за сигурен показател за инстинктивното однесување на најмладите. Авторите на истражувањето истакнуваат дека времето варира од бебе до бебе, а споменатите минути се истакнати како просечни вредности.