По потпишувањето на договорот од 6 милиони долари, премиерот Еди Рама најави дека двата сателита „Албанија 1“ и „Албанија 2“ се подготвени за лансирање во вселената. Нивното лансирање ќе се изврши од вселенскиот центар Кенеди во Флорида. Податоците од сателитите ќе ги користи само Албанија. Ќе се користат за идентификација на дивоградби, пожари, загрозување на реки и за лоцирање на диви депонии.