Во овие тешки денови, кога целата земја тагува поради трагедијата што ја погоди Кочани, упатуваме апел за разбирање и поддршка кон учениците кои минуваат низ тежок емоционален период, порачува Сојузот на средношколци.

Многу млади, како што велат, чувствуваат потреба да ја изразат својата солидарност преку учество во собири и иницијативи за поддршка. Во овој контекст, ги повикуваат образовните институции да покажат емпатија и разбирање за учениците, без да се соочуваат со санкции или дополнителен притисок во наставата.

„Ова се моменти кога хуманоста треба да биде на прво место.

Истовремено, изразуваме загриженост за односот кон учениците во овој чувствителен период. Наместо строги мерки, сега е неопходен дијалог, поддршка и заедничко разбирање. Протестите се крајна мерка која никој не ја посакува, но доколку изостане разумен пристап, реакцијата на учениците ќе биде неизбежна.

Очекуваме од сите училишта и надлежни институции да придонесат кон создавање атмосфера на грижа, почит и поддршка, со цел учениците полесно да се справат со овие исклучително тешки моменти“, потенцираат од Сојузот на средношколци на Македонија.

Текстот Образовните институции да покажат емпатија и разбирање за учениците во овие тешки денови кога целата земја тагува, бара Сојузот на Средношколци е превземен од МАКФАКС.