Она што се вели дека се првите вонредни слики од оштетениот гасовод „Северен тек“ се појавија три недели откако беше кренат во воздух „со екстремна сила“ во сомнителен чин на саботажа.

Како што пренесува Телеграф, снимката објавена денска, од Шведска, покажала дека најмалку 50 метри од гасоводот Северен тек 1 бил уништен или „затрупан“ под морското дно по експлозијата на 26 септември – наводно со голема веројатност се работело за Руски напад.

Објавувањето на сликите дојде откако данската полиција соопшти дека „моќни експлозии“ стојат зад оштетувањето на двата гасоводи (Северен тек 1 и 2) во данскиот дел на Балтичкото Море, според нивните прелиминарни истраги.

Два цевководa „Северен тек“ беа оштетени од експлозии под Балтичкото Море кон крајот на септември, предизвикувајќи четири истекувања.

Додека истекувањата беа во меѓународни води, две од нив беа во данската ексклузивна економска зона и две од нив во шведската.

На 6 октомври, шведските истражители изјавија дека нивните првични истраги дошле до сличен заклучок.

Гасоводите, кои ја поврзуваат Русија со Германија, се во центарот на геополитичките тензии откако Русија ја прекина испораката на гас за Европа како одмазда на западните санкции поради окупацијата на Украина од Москва.

Иако цевководите не беа во функција, тие содржеа гас пред да станат жртви на очигледна саботажа.

А, обвинувањата се насочени кон Русија, чија државна енергетска компанија Гаспром е главен сопственик на гасоводите.

Кремљ, сепак, ги нарече ваквите обвинувања „глупости“ и ги обвини САД за штетата.