Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеста Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 денар/литар и ќе изнесува 57,00 ден/литар.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното
масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени
утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива
за транспорт од 08.03.2021 година.
– Advertisement –
Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98, 69,50 ден, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ќе изнесува 46,50 ден/литар.