НСДП донесе политичка одлука за учество на партијата во европската коалиција предводена од СДСМ и избра Централен изборен штаб за претседателските и парламентарните избори со кој ќе раководи генералниот секретар на партијата Мики Милковски, на седница на Централниот одбор која се оддржа во Штип.

Централниот одбор на НСДП едногласно дава поддршка на лидерот на владеачката коалиција Димитар Ковачевски за продолжување на активностите за окрупнување на европската коалиција со сите европски ориентирани сили во општеството.

НСДП исто така донесе одлука пратениците да го поддржат изборот на Јован Митревски за нов претседател на Собранието, изборот на Талат Џафери за премиер и да го поддржат изборот на техничката влада, а доколку ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не ја поддржи техничката влада предводена од Талат Џафери, тогаш НСДП нема да даде поддршка за министрите и замениците министри предложени од ВМРО-ДПМНЕ.