Неодамнешно истражување за дислексија на Универзитетот во Бафало дојде до зачудувачко откритие кое јасно покажува како „соработуваат“ областите на мозокот одговори за вештината за читање, со огледно неповрзани активности, како што се математичките пресметки.

Иако поделбата помеѓу писменоста и математиката најчесто се рефлектира во поделбата помеѓу уметностите и науките, истражувачите сугерираат дека читањето, пишувањето и аритметиката се поврзани на досега неоткриени начини.

Овие откритија ме воодушевија“, вели д-р Кристофер МекНорган, автор на трудот и доцент на Одделот за психологија на Универзитетот Бафало.

unsplash

Тие ја подигнуваат вредноста и важноста на писменоста покажувајќи како владеењето на читањето влијае на тоа како им приоѓаме на другите задачи и како ги решаваме проблемите… Читањето е сè – тоа е повеќе од еден инспиративен слоган. Сега е дефинитивен заклучок од истражувањето“, додава МекНорган.

Експеротот за невровизуелизација и компјутерско моделирање, вели дека мрежите за длабинско учење се идеални за откривање на условни и нелинеарни врски. Додека кај линеарните врски се вклучува една променлива која директно влијае врз друга, кај нелинеарните, врската може да биде „лизгава“ бидејќи промените во една област не мора пропорционално да влијаат на друга област.

МекНорган ја идетификувал дислексијата со 94% точност кога завршил со својот прв сет на податоци, кој се состоел од функционална поврзаност од 14 добри читатели и 14 читатели кои имале проблеми со читањето.

unsplash

Но, му требале дополнителни податоци за да утврди дали неговите анализи можат да се генерализираат. Значи, МекНорган одбрал студија за математика, која се потпирала на задача за ментално пресметување и ја измерил функционалната поврзаност од информациите во тој сет на податоци.

Функционалната поврзаност, за разлика од она што името може да имплицира, е динамичен опис на тоа како мозокот виртуелно се поврзува од момент во момент.

На пример, кога работите, вашиот лаптоп испраќа документ до вашиот принтер. Подоцна во текот на денот, вашиот лаптоп може да го поврзате со вашиот телевизор да гледате филм – што значи, функционалната поврзаност се менува според непосредната задача.

unsplash

Мозокот динамично се менува според задачата. Замислете дека читате список на специјалитети во некој ресторан, додека стоите само неколку чекори оддалечени од таблата со мени закачено на ѕидот.

Визуелниот кортекс работи секогаш кога гледате нешто, но затоа што читате, визуелниот кортекст, барем за момент, се поврзува со аудитивниот кортекс.

Посочувајќи кон нешто на таблата, случајно ви паѓа мобилниот телефон од рака. Додека посегнувате да го фатите, функциите во мозокот се пренасочуваат. Веќе не читате, туку се обидувате да го фатите мобилниот што паѓа и визуелниот кортекс сега работи со пред-моторниот кортекст за да ја придвижи вашата рака.

Накратко, резултатите од истражувањето покажуваат дека начинот на кој нашиот мозок се поврзува со читањето, всушност влијае на тоа како мозокот фунцкионира за математика… Тоа вели дека вашата вештина за читање, ќе влијае на тоа како ќе се справите со проблемите во другите области“, истакнува д-р Кристофер.