Британскиот премиер Борис Џонсон предупреди денеска дека појавата на новиот вид на коронавирус значи дека претстојат тешки времиња, нагласувајќи ја потребата за контрола на неговото брзо ширење.
-Знам дека беше многу, многу тешко во текот на последните неколку недели и морам да им кажам на луѓето дека ќе биде тешко, особено поради брзината со која се шири новиот вид, истакна Џонсон на прес-конференција. (МИА)