Продолжува негативниот тренд на инфекции во БиХ чија федерална Влада на денешната седница одби да воведе порестриктивни мерки во борбата со вирусот. Во последните 24 часа се регистрирани нови 1.738 позитивни случаи на ковид-19 од кој, пак, починаа 57 пациенти. Бројките се однесуваат на целата земја, вклучувајќи ја и Република Српска.
Во Федерацијата БиХ во изминатото деноноќие се направени 3.878 тестови со позитивни резултати за 1.156 лица во сите кантони во земјата, а пријавени се 42 смртни случаја.
Во Република Српска, пак, меѓу два дневни пресека се направени 1.387 тестови кои потврдија присуство на вирусот кај 543 примероци. Институтот за јавно здравје евидентира и 15 починати пациенти.
Во дистрикт Брчко во последните 24 часа се регистрирани 39 случаи на ковид-19.