NETFLIX има многу содржини за љубителите на криминал оваа есен, но некои гледачи останаа вознемирени по објавувањето на најновото вистинско злосторство.
Vatican Girl е нова серија инспирирана од вистински настан, а се занимава со еден од најпознатите случаи на исчезнати лица во Италија.
Исчезна тинејџерка, а вмешан е и Ватикан?
Станува збор за мистериозното исчезнување на 15-годишната Емануел Орланди, на која и се губи секоја трага откако во 1983 година го напуштила музичкото училиште во Рим. Оваа тинејџерка до ден денес не е пронајдена, а доказите покажуваат дека е можно никој друг освен Ватикан да не бил вмешан во нејзиното исчезнување.
По исчезнувањето на тинејџерката, истрагата ја одбележаа мноштво нелогичности, лажни докази и индиции кои водат во погрешна насока, па не е чудно што овој настан со децении ја заинтригира италијанската јавност.
Во трејлерот, семејството на Емануел објаснува дека „молчењето е најболното нешто што едно семејство може да го претрпи“.
Гледачите возбудени, но и вознемирени
Колку сето ова звучи примамливо за љубителите на вистинскиот криминал, сведочат реакциите на гледачите на серијата.
„Девојката од Ватикан на #Нетфликс“, напиша еден корисник на Твитер. “Дали гледавте? Пресвртот ќе ве изненади.”
„Фасцинантна нова серија на Нетфликс, закачена“, додаде друг корисник. „Дали Ватикан е одговорен за исчезнувањето на 15-годишното девојче? Тогаш објаснувањето беше дека станува збор за меѓународен тероризам. Се чини дека тоа не беше случај.
“Сакате вознемирувачки документарец за гледање? На Netflix се вика Vatican Girl!”, “Како ова не беше голем светски скандал со години? Не би ни знаел за овој настан да не беше серијата. Навистина шокантно !“, „Имав кошмари откако го гледав Ватикан“, „Толку страшно, во сон некој ми ја киднапираше сестрата. Боже, се плашам да замислам каде е Емануела Орланди!“, напишаа на социјалните мрежи.