Новата сезона во Англија започнува на почетокот на август.

Поточно, натпреварот од Комунити Шилд помеѓу Манчестер Сити и Лестер ќе се одигра на 7 август во Лондон на Вембли, со што официјално започнува натпреварувачката сезона на Островот.

ФА ја потврди оваа информација денес.

Седум дена по натпреварот, што е всушност англиски Суперкуп, ќе започне Премиер лигата, каде Манчестер Сити ќе ја брани титулата.

Лестер го избори натпреварот Комјунити Шилд како актуелен освојувач на ФА купот.

Натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Лестер ќе се игра пред публиката, но сè уште не е дефинирано точно колку гледачи ќе можат да присуствуваат на првиот натпревар од новата сезона на Вембли.

Некои островски медиуми пишуваат за бројката до 30 000, но се чекаат официјални информации од британската влада и ФА.