Во Бријанија почина уште едно дете од стрептокока. За неколку недели се регистрирани осум смртни случаи поради оваа инфекција. Станува збор за ученик во основно училиште во Ватерлувил, Хемпшир, пренесува Sky News.

Инвазивна форма на стрептокок А инфекцијата се шири низ Велика Британија во последните месеци, а владата ги предупредува родителите да внимаваат на симптомите.

Пиогениот стрептокок предизвикува воспаление на грлото, кое често е придружено со гнојна содржина на крајниците.

Стрептококот се пренесува преку респираторни капки од заразено лице. Може да се пренесе и со допир, со допирање на устата, носот или очите.

Пиогените стрептококи се еден од најважните бактериски патогени кои предизвикуваат болести кај луѓето. Предизвикува бројни болести со различна локализација

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.