Нов скандал го потресе европскиот фудбал.

Натпреварот од Ла Лига помеѓу Кадиз и Валенсија беше прекинат поради расистички навреди.

Имено, фудбалерот на Валенсија, Муктар Диахаби се упати кон еден од играчите на Кадиз, откако слушна навреди на расистичка основа.

Судијата го прекина натпреварот, ги испрати фудбалерите во соблекувалната.

По кратка пауза, фудбалерите на Валенсија се вратија на теренот, но без Даихаби, кој не сакаше да се врати се додека не биде казнет фудбалерот на Кадиз.

Ова е ситуација што ќе има ново влијание врз европскиот фудбал, но исто така ќе отвори нова работа за УЕФА.