Иран повторно ја напаѓа Албанија. По нападот на 15 јули, албанските власти објавија дека хакери спонзорирани од Иран го нападнале информацискиот систем за управување со земјата ТИМС кој служи за снимање на влез и излез на граничните точки. Како резултат на нападот, блокирана е работата на граничните точки Какавија, Капштица, Ќафасан, пристаништето Драч и пристаништето Валона. Системот TIMS е веднаш исклучен за да се спречи хакерите да ја преземат контролата врз овој систем, најважен за албанската полиција. Полицајците работат рачно, што предизвика хаос и долго чекање на царината и пристаништата.
Според албанскиот премиер Еди Рама, овој нов сајбер напад доаѓа од истите агресори.

„Уште еден сајбер напад од истите агресори, веќе разоткриен и осуден од пријателските и сојузничките земји на Албанија, е регистриран синоќа на системот ТИМС! Во меѓувреме, продолжуваме да работиме деноноќно со нашите сојузници за да ги направиме нашите дигитални системи непробојни“, изјави Рама.

Овој сајбер напад, чија цел беше да се парализира работата на полицијата на албанските гранични точки, се случи само неколку часа откако Министерството за финансии на САД објави санкции против иранското Министерство за разузнавање и безбедност и неговиот министер, обвинувајќи ги дека се одговорни за сајбер напад врз Албанија .

Санкциите вклучуваат замрзнување на имотите на функционерите. Во соопштението на американскиот Стејт департмент се наведува дека тие се одговорни и за протекување документи од албанската влада и лични податоци на жители на Албанија.

Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран на 7 септември, откако истрагата покажала дека сајбер нападите во јули биле извршени од Иран како „државен агресор“. Иран ги отфрли обвинувањата дека стои зад сајбер нападите. Сепак, НАТО потврди дека зад тој напад стои Иран./Alsat.mk