Нормално е дека ќе има луѓе кои нема да реагираат на вакцината против ковид-19, бидејќи постојат луѓе кај кои веќе има ниско ниво на имунолошкиот систем и тоа е веќе причина поради која некои потешко ќе се разболат од ковид, а некои немаат ни симптоми. Значи, тој индивидуален одговор кај секој од нас се пренесува и на одговорот кога станува збор и за лекови, вклучувајќи ја тука и вакцината, смета научникот Гвидо Рази, кој до неодамна беше директор на Европската агенција за лекови (ЕМА).
Луѓето се збунети кога ќе слушнат дека вакцината функционира 90 или 95 отсто. Се прашуваат што е со оние 10 отсто?
Според мене фармацевтските индустрии сосема погрешија откривајќи ги овие проценти. Јас разбирам дека ги дадоа поради своите инвеститори за акционерите, а не за пациентите и тоа е нешто што е негативно. Ги открија, притоа не водејќи сметка дека ако за акционерите им кажеш дека функционира во 95 отсто случаи е во ред, но за пациентите тоа значи: „А што ако ја според статистиката влегувам во оние пет или десет отсто?” Значи, во тоа е проблемот и затоа сите би требало малку повеќе да молчат и да почекаат или навистина да зборуваат за науката.
За да им одговориме на оние кои се загрижени за оние преостанати 10 отсто, ќе потсетам дека најдобра вакцина беше онаа за сипаниците – морбили, која функционираше во 85 отсто случаи, па ако навистина би се потврдило тоа вакцината да функционира во 90 или 95 отсто кај цела популација, мислам дека тогаш би се нашле пред нешто што досега не е видено, вели во интервју за РТС Рази.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.