Ноа Сајурс (20) е сестра на поп-ѕвездата Мајли Сајрус која со нејзиниот нов спот и песна, предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
Многумина почнаа да се прашуваат дали Ноа ќе ја надмине славата и провокативноста што ја поседува нејзината сестра или од неа учи како да се пробие во музичкиот свет?
Ноа деновиве објави видео спот за песната „All Three“ во кој е целосно гола во када. Нејзините навистина големи нокти и провокативниот стил се истакнуваат во преден план.
Ова не е прв пат да ја коментираат конторверзноста младата пејачка. Таа честопати ги потенцира своите атрибути, снимаше видео на гробишта, но кога ќе се земе предвид нејзиниот глас ништо не е важно.
Нејзините обожаватели ја поддржуваат нејзината ексцентричност и уживаат во нејзината креативност, ја сакаат нејзината музика. Оваа година Ноа доби номинација од „Grammy Awards“ во категоријата за најдобар нов изведувач.
Ноа Сајрус е дете на новиот милениум, родена во 2000 година а покрај тоа што е пејачка, таа е текстописец и актерка. Во 2016 година дебатираше со својата прва песна „Make Me (Cry)“ а во 2017 беше на списокот на 30 највлијателни тинејџери во светот.
Таа е петтото дете на Били Реј и Триш Сајрус а воедно и најмалата сестра на Трејси, Бренди и Мајли Сајрус.
Иако честопати Ноа и Мајли ги споредуваат, нивните почетоци се навистина различни. Мајли се прослави преку „Disney Channel“ како Хана Монтана а нејзината сестра едноставно започна да прави сопствена музика градејќи соло кариера во сосема поразличен стил.
Растењето како помала сестра на Мајли не било воопшто лесно за Ноа. Таа во едно интервју прозборе за фактот колку е многу тешко да си дел од толку познато семејство, затоа што тука е притисокот да успееш индивидуално а не во нивна сенка. Или да најдеш начин да ги надминеш успесите на твоето семејство.
Но, како што вели таа воопшто не се вознемирува за она што се зборува за неа во јавноста, особено на социјалните мрежи.
Пејачката Мајли Сајрус еднаш изјави дека нејзината сестра дури и не ги споделила нејзините планови со неа, веројатно затоа што навистина сакала да го стори тоа сама.