На последниот ден од октомври, луѓето ширум светот ја слават Ноќта на вештерките. Се резбаат тикви, се организираат забави, децата собираат бонбони или прават трикови.
Иако не е македонски празник, кај нас се повеќе и деца и млади го слават денот облекувајќи се во прекрасни костими и забавувајќи се.
Во Романија, илјадници луѓе од целиот свет се собраа во замокот Бран, познат како дом на грофот Дракула.