Актерот Николас Кејџ се ожени по петти пат, пренесува „Page Six“. 57-годишниот актер и неговата 26-годишна партнерка Рико Шибата се венчале на 16 февруари во хотелот „Wynn“ во Лас Вегас.

Вистина е и многу сме среќни“, изјави Кејџ за медиумот.

Новите сопружници имале мала церемонија, а датумот го одбрале во чест на роденденот на покојниот татко на актерот. Рико носела рачно изработено невестинско кимоно од Кјото, а Кејџ смокинг од Том Форд.

Двојката ги разменила традиционалните католички и шинтоистички завети, а на венчавката читале и поезија од Волт Витман и јапонски хаику.

Поранешната сопруга на актерот, Алис Ким со која Кејџ се уште е во добри пријателски односи, била присутна на церемонијата заедно со нивниот 15-годишен син Кал.

Николас Кејџ и Рико се запознале во 2019 година во Јапонија, непосредно по неговиот развод со Ерика Коике со кој беше во брак само четири дена.