Она што е многу потешко од непосредната одлука да започнете диета е волјата трајно да го промените начинот на исхрана.

И токму тоа е суштината на познатото правило 80/20 кое ви овозможува да ослабете без диета.

Сепак, мора да се придржувате до јасно дефинирани правила, инаку овој принцип нема да има ефект.

Работата е прилично едноставна – 80 проценти од времето јадете здраво, а 20 проценти од времето може да се почестите со вашата омилена храна, десерт, пијалок… И не мора да се грижите премногу за математиката.

На пример, ако јадете три здрави оброци дневно, тогаш три нездрави се вашите 20 проценти за таа недела, или ако јадете пет мали оброци дневно, тогаш можете да јадете седум мали десерти во неделата.

За уште подобри резултати, „штедете“ калории една недела и држете се до планот и, како што доликува, па одморете си за викенд. А можете да го примените истото правило и за вежбање.

Се подразбира дека заедно со овој тип на диета треба да започнете и со физички активности, бидејќи без вежбање се губи смислата на секој начин на слабеење.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.