„Netflix“ го објави датумот на 5-та сезона на „Money Heist“. Всушност, очекувајте два дела. Следните 10 епизоди од реномираната шпанска драма, официјално со наслов „La Casa De Papel“, ќе бидат објавени во два дела на 3 септември, односно 3 декември 2021 година.
La Casa de Papel / Money Heist is finally coming back!
Part 5: Volume 1 premieres September 3
Part 5: Volume 2 premieres December 3 pic.twitter.com/kHQfVhw84F— Netflix (@netflix) May 24, 2021
Елекс Пина, креаторот на серијата, предложила сезоната да се подели на два дела со цел да се постигнат високите очекувања на верните фанови за задоволително финале.
„Кога започнавме да го пишуваме 5-тиот дел среде пандемијата, почувствувавме дека мора да го промениме она што може да се очекува од сезона со десет епизоди. Ја искористивме секоја алатка што можевме за да создадеме сензациојнално финале на сезоната“, открива Пина за медиумите.
„Одлучивме да работиме во екстремно агресивен жанр, поставувајќи ја „Бандата“ на работ на очајот. Во вториот дел, повеќе се фокусираме на емоционалната ситуација на ликовите. Тоа е патување преку нивната сентиментална мапа што нè поврзува директно со нивното заминување“, додава тој.
Продуцентите навестуваат дека „кога се чини дека ништо друго не може да тргне наопаку, се појавува непријател кој е многу помоќен од било кој друг со кого „Бандата“ дотогаш се соочила: Армијата. Се ближи крајот на најголемиот грабеж во историјата, и она што започна како грабеж ќе се претвори во војна“.