Себастијен Жондо ја издаде книгата „Како си, драг Карл?“ во која открива многу интересни детали за починатата модна легенда Карл Лагерфилд
Карл Лагерфилд почина во февруари 2019 година, а во последните мигови покрај него беше неговиот возач и телохранител Себастијен Жондо. Французинот повеќе од две децении работеше за модниот креатор и сега своето искуство го преточи во книга „Како си, драг Карл?“. Тој откри дека имал близок пријателски однос со својот работотавач.
„Лагерфилд беше модниот Мухамед Али. Беше на нозе кога му се случи „нокаутот“, до последен миг беше на телефон со тимот од Фенди во Милано“ – пишува Жондо и тврди дека модниот дизајнер бил болен од рак на простатата, а не на панкреасот, како што се пишуваше.
„Продолжи да работи на фотографирања и колекции. Ништо не запостави. Карл за мене е еден в ид херој поради начинот на кој ја поднесе својата болест“ – открива Себастијен.
Книгата „Како си, драг Карл?“ има 272 страници, а дејствието се одвива хронолошки и опишани с е многу настани од 30-годишната кариера која Жондо ја минал покрај Лагерфилд. За книгата тој соработувал со француската модна новинарка Виржин Музат.
Себастијен го гледал Карл како свој татко, без разлика на неговиот тежок карактер. Својот однос со модната легенда тој го опиша и како „златен затвор“ бидејќи му дозволил да ја има целосната контрола над него. Возачот имал потешкотии да склопи пријателства или да основа свое семејство поради хаотичниот работен распоред.
Жондо признава дека секој ден по смртта на Лагерфилд околу пет попладне добива напад на анксиозност, бидејќи во тоа време со него излегувале во град.
Себастијен е еден од седумтемина луѓе кои наследија пари од Карл Лагерфилд, а секако не смее да се заборави ноти мачката Чупет на која наводно тој сакал да ѝ го остави целиот имот.
Меѓу шесте лица кои наследија пари од Лагерфилд се и 31-годишната манекенка Баптист Џијабикони, 40-годишниот манекен Џејк Дејвис, 55-годишната соработничка Каролин Лебар, куќната помошничка Франсоа Какот и 41-годишниот манекен Бред Крениг како и неговиот 12-годишен син Хадсон Крениг.