
Репрезентативецот на Македонија, Ненад Димитријевиќ е подготвен да го напушти тимот на Валенсија, додека шпанските медиуми пренесуваат дека Уникс Казан е блиску до договор со 24-годишниот кошаркар.
Димитријевиќ е на списокот на продажба кај шпанскиот тим, додека од понудите стигнати на адресата на Валенсија посериозна е таа на рускиот тим кој минатата недела потпиша договор со Французинот Лавери со кој Димитријевиќ минатата сезона настапуваше во шпанскиот тим.