Рускиот претседател Владимир Путин објасни зошто не го следел примерот на некои светски лидери и не се вакцинирал против ковид 19 пред камерите: ако некој сака да лажира, не е тешко да го направи тоа дури и со покажување на вакцинацијата пред објективот, вели Путин.

„Дали треба да се мајмунисуваме? Дали треба да го правиме она што некој друг го прави некаде? Јас не би рекол“, изјавил Путин во интервју за телевизијата „Русија 1“, одговарајќи на прашањето зошто нема снимка од неговата вакцинација, кога многу светски лидери организирале цели фото и видео сесии од нивната вакцинација.

– Advertisement –

„На крајот на краиштата, ако некој сака да фалсификува нешто таму, да измами некого, не е тешко да се стори тоа. Можете да ја покажете оваа инјекција, а всушност да внесете физиолошки раствор или што било друго – кефир, сок од портокал … се шегувам, се разбира, витамини. Но, според мене, тоа не е сериозно“, рекол Путин.

Рускиот лидер оваа недела беше вакциниран против вирусот корона. Засега е непознато која од трите руски вакцини ја примил.

Путин за телевизијата изјавил дека немал треска по вакцинирањето, но „следниот ден бил малку скршен“ и го болело местото на убодот, пренесува агенцијата Спутник.