Сојузот на здруженија на дијабетичари, денеска јавно ќе се обрати до Министерството за здравство и до Мој термин, со барање да се решат проблемите со недостапноста на инсулини, ленти, игли и друга дијабетична терапија.
Како пациентска организација и како пациенти, не можеме да разбереме како е можно веќе три месеци одговорноста за недостапноста на инсулини, ленти, игли и друга дијабетична терапија, да се префрла од едни на други во здравствениот систем, а притоа во пракса нашите членови се приморани по неколку пати во месецот да се обратат во центарот за дијабатес, по неколку пати во месецот да отидат до аптеките за да проверат дали инсулинот го има и дали ќе може да се издаде, дали веќе во систем е ставена замената…, велат од Сојузот на здруженија на дијабетичари.
Со надеж дека ќе поттикнат решение на тековни проблеми поврзани со дијабетесот, Сојузот на здруженија на дијабетичари, апел до МЗ и Мој термин денеска пред Здравствениот дом во Штип јавно ќе упати претседателот на Сојузот, Диме Велев.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.