Сопственикот на Твитер Илон Маск направи бројни потези за да ги намали трошоците, а еден од нив беше аукцијата одржана во седиштето на компанијата во Сан Франциско каде статуа на сина птица, која е заштитен знак на социјалната платформа, беше продадена за вртоглави 100.000 долари. .

Голем број предмети во сопственост на Твитер беа продадени на аукција, како што е цветната декорација изградена во форма на знакот @ што се продаде за 15.000 долари, додека огромната конференциска маса достигна речиси 10.500 долари. Се продаваше и машина за еспресо по цена од 13.500 долари.

Потсетуваме дека во октомври минатата година Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари, а во ноември потврди „огромен пад на приходите“ по заминувањето на неколку огласувачи. Тој тогаш предупреди дека компанијата може да банкротира.