Актерот Френк Мекреј почина на 80-годишна возраст од срцев удар. Најпознат е по улогите во акциони филмови, а исто така имаше кариера и во американскиот фудбал.
We are sorry to hear that Frank McRae, who played Sharkey in Licence To Kill, has passed away. Our thoughts are with his family and friends. pic.twitter.com/ZKooA5IiQO
— James Bond (@007) May 6, 2021
Дури и официјалниот Твитер профил на Џејмс Бонд се прости од славниот актер.
Тој го играше Шарки во „Дозвола за убиство“, полицискиот капетан во „48 часа“, кој подоцна пародираше во „Последниот акционен херој“ и во „Loaded weapon”. Глумеше заедно со Сталоне во четири филма („F.I.S.T.”, “Paradise alley”, “Rocky II” i “Lock up”), а беше поврзан со Џон Кенди во „1941“ и „National lampoon’s vacation”. На почетокот на својата кариера се појави и во „Дилинџер“, „Shaft in Africa“, и во многу други филмски остварувања…