Иако е вообичаено секој побогат човек во бела облека да се нарекува шеик, сепак тоа е сосема погрешно.
Шеик на арапски значи поглавар на племе или член на кралското семејство.
На Блискиот Исток, шеици се и водачи на големи организации, религиозни групи и најстари членови на истакнати семејства, но најчесто тие се принцови, односно членови на кралски семејства.
Се поставува прашањето зошто има толку многу шеици и зоштно на западниот свет му се чини дека секој богат Арап е шеик.
Обединетите Арапски Емирати имаат дури шест кралски семејства кои владеат со Емиратите. На чело на секој емират е емир (друго име за принц) кој исто така е шеик, а поради големиот број семејства (кои со генерации вклучуваат повеќе од една жена по маж), шеиците едноставно – се насобрале.
Не сите Арапи во бело се шеици
Луѓето се збунети и од изгледот на Арапите од Обединетите Арапски Емирати.
Значи, не секој маж во бело и со марама е шеик. Речиси сите мажи од Емиратите носат долга наметка со едногради наречена дишдаша или кандура. Во Саудиска Арабија носат слична облека, но ја нарекуваат поинаку.
Облеката е обично бела бидејќи е најкул боја за носење на пустинските горештини, додека во зима се „фрлаат“ во кафена, сива и црна боја. Според некои извори, мажите во ОАЕ имаат до педесет такви облеки во нивната гардероба.
Сепак, облеката на шеиците, кралевите и емирите се различни од облеката на обичните Арапи.
Нивните марами исто така се разликуваат.