Тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтије ги разочара фановите на францускиот гигант откако изјави дека Нејмар нема да биде во комбинација за реванш-дуелот од ЛШ против Баерн Минхен.
Бразилецот влече повреда од мечот против Лил кој се одигра на 19 февруари и нема да може да им помогне на своите соиграчи на можеби најважниот меч во сезоната.
ПСЖ загуби на првиот меч против Баерн Минхен со 1-0 и ќе има исклучително тешка мисија да ја надополни негативата на „Алианц Арена“ во Минхен. Дуелот меѓу двата европски гиганти е закажан за 8 март.