Полната декемвриска Месечина, којашто го носи и прекарот Студена, ќе биде видлива утре рано наутро, иако веќе денес ќе изгледа светла и полна на небото над нас. Набљудувачите од Северна Америка и Европа ќе можат да ја видат како ја замаглува Црвената планета во еден момент, феномен познат како окултација меѓу ентузијастите на астрономијата. И заедно со Сатурн и Јупитер, кои исто така ќе бидат видливи со голо око.
Advertisements
Интересен факт е дека ќе се појави пред зимската краткоденица на 21 декември – еден од најстудените и најтемните делови од годината. Според некои толкувања, токму затоа го има прекарот Студена, што според алманахот Фармер ѝ го дале Индијанците Мохаве.
Прикажи повеќе