Астрономите открија блиска егзопланета која, доколку тоа се докаже дека е точно, е првата планета целосно покриена со вода. TOI-1452b е малку поголема и помасивна од Земјата, се наоѓа во соѕвездието Змеј и од нашата планета е оддалечена 100 светлосни години, пренесува SciTecDaily.

Експерти од Универзитетот во Монтреал утврдиле дека планетата е направена од нешто помалку густо од карпа, но погусто од гас – потенцијален знак за глобален океан.

„Новооткриената планета е најдобриот кандидат за океански свет на кој смe наишле досега. „Неговиот дијаметар и маса укажуваат на многу помала густина од она што би ја очекувале за планета направена од метал и карпи, како Земјата“, вели астрофизичарот Шарл Кадју.

Планетата првпат беше забележана од сателитот на НАСА „Transiting Exoplanet Survey“, кој ги проучува оддалечените ѕвезди за карактеристичните знаци во падот на светлината кои го означуваат поминувањето на егзопланетата.

TOI-1452b се наоѓа во бинарниот ѕвезден систем, па поради фактот што постојат две сонца, било проблем да се забележи, но научниците од универзитетската опсерваторија „Observatoire du Mont-Mégantic“, со помош на нови аналитички методи, го утврдиле нејзиното постоење.

За разлика од Земјата, која претежно се состои од карпи, метали и вода, која покрива две третини од нејзината површина, TOI-1452b се чини дека се состои претежно од вода.

Тие веруваат дека тоа е еден вид глобален океан сличен на длабоките води кои лежат под ледената кора на сателит на Сатурн, Енкелад.