Наставниците кои веќе се вакцинирани започнаа кампања за подигнување на свеста кај нивните колеги кои сè уште не сакаат да бидат вакцинирани. Од Регионалниот синдикат за образование во Тетово апелираат за масовна вакцинација на наставниците, додавајќи дека наставата со физичко присуство не треба да биде заложник на неколку нивни колеги.
– Advertisement –
„Благодарение на фактот дека сме на меѓу првите за вакцинација, вакцинацијата треба наголемо се прифати. Да не бидеме заложници на тоа да не почне учебната година со физичко присуство. Апелирам до наставниците да се вакцинираат. Да не прават грешка тие, а со тоа да губат и учениците и последиците да бидат големи, затоа што веќе изгубивме две години…“
Наставничката Хата Зилбехари е веќе вакцинирана, па ставот на некои нејини колеги да го одбиваат тоа, според неа е апсурдна.
„По вакцинацијата немавме никакви последици, се чувствувавме многу добро. Апелирам до сите да не се двоумат и да ја примаат вакцината за да се грижат за нивното здравје, да се грижат за новите генерации што ги имаме и за оние ученици кои се во наши раце, да ги зачуваме максимално.“
Во основното училиште „Истикбал“ во Тетово, повеќе од 90% од вработените изразиле интерес за вакцинирање.
„Од вкупно 33 наставници со физичко присуство, вакцинирани се 28, што значи дека интересот на наставниците со физичко присуство во нашето училиште Истикбал е исклучително голем.“
Министерството за образование нема конкретни одговори за вакцинацијата или ревакцинацијата на оние наставници кои одбиле да се имунизираат. Исто така, од овој ресор не споменуваат ниту дали ќе има некаква кампања за подигнување на свеста кај наставниците кои следниот септември со почетокот на новата школска година би можеле да станат пречка за нормалниот процес со физичко присуство.
Мелихате Рустеми