Американскиот Јутјубер Ерик Декер ги здружи силите со Pizza Hut за да ја создаде најголемата пица на светот и конечно успеаја. Пицата е распослана на огромни 1299 квадратни метри и може да се подели на 68 илјади порции.

Тие го соборија Гинисовиот рекорд во Конвенцискиот центар во Лос Анџелес по долга потрага по доволно голем и затворен простор каде би можеле да испечат пица.

Тие го срушија рекордот на 18 јануари и пицата беше точно 1299,71 квадратни метри, а претставник на Гинис потврди дека тоа е најголемата пица направена досега. Работниците на Pizza Hut најпрво ставиле слоеви тесто, а потоа нанесле сос и додале други состојки, а кога се е готово, ја испечеле пицата на парчиња.

Искористени се вкупно 6193 килограми тесто, 2243 килограми сос, 3991 килограм сирење и 630.496 парчиња колбас. На крајот направија и добро дело бидејќи целата пица ја донираа во народните кујни.