Во 2020 година, корисниците кои користеа услуги за стриминг преку интернет го надминаа рекордното ниво од 1,1 милијарда. Ова е зголемување од 26 отсто во споредба со претходната година, според информациите на Motion Picture Association.
Во САД најмалку 308,6 милиони домаќинства се претплатиле на видео-услуги на интернет во 2020 година, што претставува зголемување за 32 отсто на годишно ниво.
Пандемијата Ковид-19 донесе бројни предизвици за економиите ширум светот, но филмската, телевизиската и стриминг индустријата „ја држеа публиката поврзана и забавувана“, изјави Чарлс Ривкин, претседател и извршен директор на Motion Picture Association во соопштението за јавноста.
Меѓународниот пазар на дома/ мобилни стриминг услчуги оствари глобален приход од 68,8 милијарди долари, што е за 23 отсто повеќе во однос на 2019 година. САД придонесоа со 30 милијарди долари за овој приход во 2020 година.
Зголемената побарувачка за услуги за стриминг преку интернет помогна да се неутрализираат финансиските удари што ги претрпеа кино благајните поради пандемијата на коронавирусот, јавија американски медиуми
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.