Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран намален број на новозаразени и смртни случаи од Ковид-19 во споредба со вчера.

Според податоците од Националната организација за јавно здравје, регистрирани се 873 новозаразени и 55 починати, со што бројот на позитивни случаи се зголеми на 134.235, а од почетокот на епидемијата починаа 4.457 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Извор:МИА