Вториот тенисер во светот Рафаел Надал, во пресрет на завршниот Мастерс во Торино, изјави дека Новак Ѓоковиќ е неговиот најголем ривал во кариерата. Многу љубители на тенисот, вклучително и новинари, обично ги издвојуваат Рафа и Роџер како „најдобри досега“, а најмногу се игнорира фактот дека Новак Ѓоковиќ освои 21 Грен слем, соборувајќи бројни рекорди.

Advertisements

„Мојот најголем ривал е Новак Ѓоковиќ. На крајот на краиштата, тој е човекот кој е најблиску до мојот број освоени Грен слем трофеи. Од сите мои ривали, најопасен, без сомнение, е Новак“, призна Надал.

Тие ќе имаат можност повторно да се сретнат на завршниот турнир, со што би додале уште едно поглавје во антологиското ривалство.

Прикажи повеќе