Јин, најстариот член на јужнокорејскиот К-поп бенд БТС, ќе го започне својот задолжителен воен рок на 13 декември и е првиот член на групата што се пријавил во војска, објавија локалните медиуми во четвртокот.
Сите способни јужнокорејски мажи на возраст под 30 години мора да отслужат околу две години воена служба, најмногу затоа што земјата технички сè уште е во војна со нуклеарно вооружената Северна Кореја.
Тоа значи дека старосната граница за отслужување воен рок се приближува и за најстариот член на исклучително популарниот септет, 29-годишниот Џин, па групата повторно ќе се соедини во полн состав само за три години.
„Членовите на БТС со нетрпение очекуваат повторно да се обединат како група околу 2025 година, откако ќе го завршат својот воен рок“, соопшти нивната агенција.
Џин ќе ја започне својата задолжителна петнеделна обука во Јеончеон, провинцијата Ѓеонгги, а потоа ќе биде назначен во „единица на првата линија“, објави новинската агенција Јонхап, цитирајќи воени извори.
Навивачите се загрижени
Веста ги растажи фановите на групата, а некои изразија загриженост за безбедноста на Џин.
„Срцето ми застана кога прочитав дека ќе биде доделен во првата линија на одбраната“, напиша еден навивач на Твитер. „Оваа воена служба што трае со години со БТС никогаш порано не ми пречеше. Зошто линија на фронтот?? Зошто??
Друга обожавателка напиша дека не може да престане да размислува Џин да биде испратен на најтешкото и најстрашното место како еден вид казна.Од нивното деби во 2013 година, BTS станаа глобална сензација со нивните оптимистички хитови и социјални кампањи насочени кон зајакнување на младите луѓе .
Тие се заслужни и за додавање милијарди на јужнокорејската економија, а нивната издавачка куќа забележа зголемување на профитот и покрај намалениот број концерти за време на пандемијата на коронавирус.
Но, задолжителната воена служба долго време се споменува заедно со имињата на суперѕвездите на К-поп и беше предмет на долгогодишна дебата во Јужна Кореја за тоа дали и тие заслужуваат изземање. Имено, во Јужна Кореја музичарите кои свират класична музика и освојувачите на олимписки медали се ослободени од воена служба.
Министерот за одбрана во август изјави дека на членовите на БТС може да им се дозволи да продолжат да настапуваат и да се подготвуваат за меѓународни концерти дури и додека ги извршуваат своите воени должности.